• Зоран Мишевски

Според најавите, преодниот рок и засилувањата, Александар Васоски ќе има многу посилен ростер во пролетниот дел на Првата фудбалска лига. Академија Пандев продолжува да се засилувања, па веќе најавениот трансфер на повремениот репрезентативец Матеј Цветаноски, денес доби и официјална потврда.
Цветаноски доаѓа од албанскиот клуб Партизани, а претходно настапуваше за Ѓирмот во Унгарија, Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП во македонскиот шампионат.
25-годишниот крилен напаѓач е четврто ново име во струмичкиот прволигаш по Сандро Ембало, Иван Галевски и Неат Абдулаи.
Пролетниот дел од Првата фудбалска лига продолжува на 18 и 19 февруари, а струмичани презимија на десеттото место со 12 бода.
