Академија Пандев промовира три нови имиња за пролетта во ПМФЛ

Фудбалскиот клуб Академија Пандев промовира три нови имиња за втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Клубот ги промовираше Сандро Ембалло, Иван Галевски  и Неат Абдулаи. 

Португалскиот дефанзивец Ембало пристигна од редовите на Оулу од Финска, кој игра во одбраната или на левата бековска позиција. Останатите двајца фудбалери настапуваат во офанзивниот дел на теренот. 

Абдулаи е македонски интернационалец кој играше во Серија Д, последен пат за Монтебеуно, додека настапува на крилните позиции и како централен напаѓач. Галевски настапуваше за Победа пред да пристигне во Струмица и е крилен фудбалер. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.