Академија Пандев лансира нов 16-годишен талент во македонскиот фудбал

Екипата на Академија Пандев важи за колектив кој промовира млади таленти, така е и оваа сезона, затоа што еден од плејадата млади играчи кои ги имаат струмичани ги доби првите сениорски минути.

16-годишниот Мартин Ѓоргиевски на натпреварот против Тиквеш беше во стартниот состав на Академија Пандев и одигра 77 минути. Фудбалерот роден 2005-та година имаше одличен натпревар и ја оправда довербата на тренерот Александар Васоски.

Од Академија Пандев велат дека промоцијата на деца од академијата е приоритет и во иднина уште многу млади таленти ќе добијат шанса во сениорскиот тим за да го покажат својот потенцијал.

Академија Пандев се наоѓа на второто место во ПМФЛ, веднаш зад лидерот Шкупи.