Академија Пандев ја засили средината со младинец од Црвена Звезда

Академија Пандев работи на целосно подмладување на екипата, па по неколкуте потписи на играчите од младинската школа, клубот го засилија младите Никола Серафимов, Бојан Димоски и искусниот Марјан Радески

Сега, струмичката екипа го промовираше и Милан Томиќ, кој доаѓа од редовите на Црвена Звезда. 20-годишникот, кој игра на позицијата последен играч за врска, ги мина младинските категории на гигантот од Србија, но не се наметна во првиот тим. 

  • Официјализација на трансферот:

Томиќ беше позајмуван во Графичар и Звездара, каде што настапуваше во сениорската екипа. Засилувањето на Академија Пандев стави потпис со клубот на договор во времетраење од две сезони. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.