• Горан Упале

По Агрон Руфати и Марио Врдољак, екипата на Академија Пандев претстави уште едно засилување во своите редови.
Во тимот од Струмица, кој што неочекувано имаше катастрофална есенска полусезона, пристигна Георгиe Јанкулов, 21-годишен поранешен младински репрезентативец на Македонија, кој последно настапуваше за Силекс.
„Георгие Јанкулов е нов играч на Академија Пандев. 21-годишниот поранешен младински репрезентативец на Македонија, Георгие Јанкулов, е најново засилување за Академија Пандев. Десниот бек доаѓа од екипата на Силекс, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Борец и Железничар Панчево“, стои во објавата на клубот.
Јанкулов треба да биде замената за искусниот Томче Илиев, кој спогодбено го раскина договорот со Академија Пандев и сега е во потрага по нов клуб.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.