Академија Пандев ја победи АПИА Лајхард во рамките на Вијареџо купот

Фудбалерите на Академија Пандев, ја забележаа првата победа на овогодишниот Вијареџо куп, откако полесно од очекувањата ја совладаа екипата на АПИА Лајхард со 3-0.

Нашите фудбалери сакаа да го поправат впечатокот од првиот натпревар, кога убедливо загубија против екипата на Интер (4-0), и уште на стартот од дуелот ја презедоа офанзивата. Тоа резултираше со два брзи погодоци во 11. и 18. минута. Стрелци на головите беа Миловановиќ и Мишов. Добрата игра на струмичката екипа ја круниса Радојќиќ, со гол во 50. минута, за конечни 3-0 и први бодови во групата А1 за нашиот претставник.

Последниот натпревар од групата, Академија Пандев го игра за два дена, в сабота, против екипата на Специја со почеток од 15.00 часот.