Академија Пандев испраќа уште еден талент во странство

Екипата на Академија Пандев важи за клуб кој испрати многу млади фудбалери во странство, а уште еден во низата е Живко Крстев кој настапуваше за кадетската екипа.

Крстев важи за еден од најдобрите играчи во кадетската селекција, а на еден од последните натпревари за „пандевци“ даде девет гола. Капитенот на тимот во изминатите денови беше дел од Славен Белупо од Хрватска.

Македонскиот фудбалер одигра контролни средби и според информациите од Академија Пандев, се покажал во одлично издание. Наскоро, Крстев и Славен Белупо ќе имаат средба и ќе се договорат за соработка во иднина.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.