Академија Пандев и руска Балтика одиграа реми без голови

Академија Пандев одигра реми без голови на првиот тест дуел во Анталија, против Балтика од Русија. Екипата предводена од Југослав Тренчовски имаше неколку солидни шанси кои не ги искористи и натпреварот заврши 0-0. 

Во првиот од четирите дуели кои екипата од Струмица ќе ги игра во Турција, шанса добија 22 играчи и беше сменет целосниот почетен состав. 

Почетен состав на Академија Пандев: Чубраковиќ, Јованов, Гранчов, Костов, Цикарски, Томовски, Стојкоски, Мујеци, Пандев, Миловановиќ, Танушев.

Од клупата влегоа: Муканов, Илиев, Дориев, Димов, Глигоров, Парталко, Крстовски, Велиновски, Талаков, Крстевски, Донов.

Веќе в среда следи нова средба за пандевци кога ќе ги одмерат силите со Спартак Суботица. До крајот на подготовките во Анталија ќе се сретнат уште со Ротор од Русија и Алтин Асир од Туркменистан.