Академија Пандев го назначи Стојанов за координатор на младинската школа

Академија Пандев го назначи Александар Стојанов за нов координатор на младинската академија во тимот. 

Стојанов веќе две години работеше како асистент во стручниот штаб на првиот тим во редовите на „пандевци“. Тој моментално е во процедура на стекнување на УЕФА Про лиценца за тренери. 

Сега Стојанов ќе има поширока функција во клубот од тренирање на една генерација и ќе ги координира работите во фудбалската школа на Академија Пандев. Од денес струмичкиот прволигаш се наоѓа на подготовки во Турција, каде ќе одигра серија на контролни натпревари.

По првиот дел на шампионатот на ПМФЛ, Академија Пандев се наоѓа на единаесеттото место.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.