Академија Пандев ги стартуваше припремите, договори неколку „тест“ меча во Бугарија

Екипата на Академија Пандев зад себе ја остави најдобрата сезона во својата клупска историја. Првата македонска фудбалска лига ја заврши на третата позиција и за првпат обезбеди европска сцена, а одличната сезона ја круниса и со својот прв трофеј, откако триумфираше во Купот на Македонија

Сега, пред „пандевци“ претстојат европски предизвици, па затоа Југослав Тренчовски веќе ги собра своите фудбалери и ги започна подготовките за квалификациите за Лига Европа. 

Првите десет дена ќе се тренира во Струмица, потоа се оди на подготовки во Банско, Бугарија. Веќе се закажани и првите пријателски натпревари:, на 13 јуни во Благоевград против Локомотив Пловдив и на 19 јуни против Берое Стара Загора во Банско, Бугарија.

Поради репрезентативни обврски неколку фудбалери од У19 и У21 селекцијата на Македонија отсуствуваа на прозивката, па тимот ќе се комплетира во наредните денови.