• Зоран Мишевски

Агрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања во зимскиот преоден рок за Академија Пандев.
Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија). Во својата кариера играше и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).
Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а минатата година заедно со Руфати го носеше дресот на Академија Клинчени. Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево...
Двајцата фудбалери денес позираа во клупските простории, во друштво на новиот спортски директор Ацо Стојков.