ВИДЕО: Ају промаши пенал, па со гол како на „плеј-стејшн“ донесе предност за Свонси

Фудбалерите на Свонси со минимална предност ќе патуваат на гостувањето кај Брентфорд во реванш-средбата од полуфиналето на плеј-офот на Чемпионшип.

Во вечерашното нивно прво соочување, тимот од Велс извојува тешка, но заслужена победа од 1-0, а херој на „лебедите“ е поранешниот ас на Вест Хем, Андре Ају. Искусниот напаѓач во самиот финиш постигна ефектен гол од волеј, кој беше „шлаг на тортата“ на фантастична акција кој самиот ја започна.

Инаку, малку фалеше репрезентативецот на Гана да биде и трагичар на Свонси, затоа што во 64. минута не реализира удар од 11 метри. Реваншот во Англија, кој ќе го даде патникот во финалето на плеј-офот е закажан за по три дена.