• Горан Упале

Раванш осминафиналето од Лигата на шампионит,е што во средата се одигра на „Диего Армандо Марадона“ привлече големо внимание кај светската јавност. За жал, многу повеќе се зборуваше за нередите видени во градот под Везув пред и по натпреварот, отколку за самиот натпревар меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт.
По тој повод се огласи и германскиот клуб, кој го обвини раководството на Наполи дека со своите одлуки придонесе за општиот хаос.
Наполи донесе одлука да ги укине билетите на одреден дел од навивачите кои патувале од Германија за да го бодрат Ајнтрахт, а потоа тие навивачи се судриле со италијанската полиција.
„Убедени сме дека одлуката да се укинат билетите на илјадниците навивачи кои дојдоа да проследат важен натпревар, беше непотребна. Атмосферата која и онака беше напната, дополнително се вжешти на овој начин. Организацијата во Неапол беше заменета со империјализација и хаос. Ова не го оправдува однесувањето на поединци“, се вели во соопштението на Ајнтрахт.
Total chaos in the city center of Naples today ahead of Napoli v Frankfurt tonight pic.twitter.com/q0kv6iLMwJ
— (@thecasualultra) March 15, 2023
Натпреварот помеѓу германскиот и италијанскиот тим заврши со победа на Наполи од 3-0, па со вкупен резултат од 5-0, клубот од Италија се пласираше во четвртфиналето од елитното натпреварување. Таму противник на избраниците на Лучијано Спалети ќе биде големиот ривал од Серија А – Милан.