ВИДЕО: Ајнтрахт во луд финиш го совлада фенерџијата Гројтер

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт се намачи, но успеа да слави на гостувањето кај Гројтер Фирт (1-2) во рамки на германската Бундеслига и да направи напредок на табелата.

  • Извештај од натпреварот:

Ајнтрахт е далеку од ланската форма, а се намачи да го победи фенерџијата кој нема ниту една победа оваа сезона. Дуелот се реши во луд финиш, затоа што во судиското надополнување во рок од две минути паднаа два гола.

Гостинот од Франкфурт поведе во 75. минута со голот на Роде, а кога сите чекаа крај, Итен изедначи во 92. минута и Гројтер беше во игра за реми. Меѓутоа, во 94. минута следеше одговор од најистурениот напаѓач Боре и бодовите заминаа на контото на Ајнтрахт.

За Ајнтрахт ова беше само втора победа сезонава по 11 одиграни кола. Тимот е четиринаесетти во Бундеслигата.

Состави

Stefan Leitl

4-3-3

    Oliver Glasner

    3-4-2-1