ВИДЕО: Ајнтрахт слави против најслабиот тим во лигата, гостински победи за Хофенхајм и Мајнц

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт славеа со 3-1 во дуелот со Холштајн Кил во 22. коло на Бундеслигата. Уште во прворо полувреме домашната екипа стигна до двојна предност против аутсајдерот. Ларсон и Тута погодија за Ајнтрахт да води 2-0, а потоа Екитике не реализира најстрога казна. Во вториот дел Узун по еден час игра постигна трет гол за домашните, а Порат ги постави конечните 3-1 во 73. минута од мечот. 

  • Ајнтрахт Франкфурт - Холштајн Кил:

Идентична победа, но на гостински терен забележа Хофенхајм кај Вердер Бремен (1-3). Домаќинот поведе со автогол на Нсоки, меѓутоа уште во првиот дел Сташ и Бишоф донесоа пресврт (1-2). Точка на победата во вториот дел стави Орбан. 

  • Вердер Бремен - Хофенхајм:

Гостинско славје забележа и Мајнц 05 кај Хајденхајм со 0-2, со погодоците на Буркардт и Вајпер.

Состави

Dino Toppmoller

3-4-2-1

    Marcel Rapp

    3-5-2