Ајнтрахт скромен, Реал далеку поискусен во европските финалиња

Екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Реал Мадрид ќе се судрат во натпреварот за трофејот во Суперкупот на Европа. Германскиот тим направи подвиг и ја освои Лигата на Европа, па ќе се судри со шампионот на Европа, освојувачот на Лигата на шампионите. 

Кога се зборува за европските финалиња на двете екипи, Реал Мадрид е неприкосновен. „Кралевите“ имаат дури 17 во Лигата на шампионите, на кои 14 пати го креваа трофејот. Покрај тоа имаат две финалиња и победи во финалињата на поранешниот УЕФА Куп (сега Лига Европа), два порази во финалните мечеви на Купот на победници на куповите. Исто така Реал дури седум пати играше Суперкуп на Европа, а има четири трофеи и со победа вечерва ќе се израмни на врвот на листата со Милан и Барселона. 

Од друга страна, Ајнтрахт Франкфурт само трипати играше европски финалиња во својата историја. Првото беше финалето сезоната 1959/60, кога со 7-3 загуби од Реал Мадрид во тогашниот формат на Лигата на шампионите. Ова финале и натаму е рекордно во Европа по бројот на погодоци. Освен овој пораз во елитното натпреварување, Ајнтрахт двапати играше за трофејот во Лигата на Европа (УЕФА Купот) и се радуваше на победи во 1980 против Борусија Менхенгладбах и лани против Ренџерс. 

Нема сомнеж дека сè води кон доминација на Реал Мадрид, па и букмејкерите. Сепак, јасно е дека Ајнтрахт Франкфурт е силно мотивиран во своето прво финале на Суперкупот.