ВИДЕО: Ајнтрахт „се тресеше“ во 98. минута, па ВАР му спаси победа во Штутгарт

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт ја забележаа шестата сезонска победа во Бундеслигата, на гостувањето кај Штутгарт со 2-3 (0-1) во десеттата рунда. 

  • Штутгарт - Ајнтрахт Франкфурт 2-3:

Средбата на „МХП Арена“ тргна со промашен пенал на Демировиќ за домашните. Во финишот на полувремето Хухо Екитике погоди за водство на гостинската екипа (0-1. Успеа Ајнтрахт да дојде и до три гола предност во продолжението со погодоците на Браун и Мармуш веќе до 62. минута беше 0-3. 

Во завршницата Штутгарт се разбуди и успеа да се врати во натпреварот. Вагноман и Волтемаде донесоа активни 2-3 до 90. минута. Имаше долго судиско продолжение, а во осмата дополнителна минута се тресеше гостинската мрежа преку Фухрич. Сепак, ВАР собата се јави за спас на Ајнтрахт и укажа на офсајд. 

  • Хајденхајм - Вердер 1-3:

Претходно без голови одиграа Аугсбург и Хофенхајм (0-0), а Волфсбург беше подобар од Хајденхајм (1-3).

Состави

Sebastian Hoeness

4-2-3-1

    Dino Toppmoller

    3-4-3