ВИДЕО: Ајнтрахт се „лизна“ против Мајнц, болен пораз за Келн

Мајнц

Мајнц 05 му направи проблеми на Ајнтрајт Франкфурт (1-1) кој се бори за висок плсман до крајот на сезоната во Бундеслигата.

  • Aјнтрахт Франкфурт - Мајнц 05 1-1:

Фудбалерите на Свенсон постигнаа погодок во раната фаза од мечот и потоа долго време успеваа да одговорат на дефанзивните предизвици. Онисиво упати неодбранлив удар и се чинеше дека ќе го одлучи мечот. Сепак во завршната фаза погоди Хрустиќ во една од ретките шанси на домашниот тим.

Претходно Келн доживеа болен пораз на домашен терен од Фрајбург (1-4). „Јарците“ сега ќе имаат многу проблеми да изборат опстанок во лигата.

  • Келн - Фрајбург 1-4: 

Трагичар на натпреварот беше Дуда кој се лизна и се посрамоти од белата точка. Негов евентуален погодок ќе донесеше реми и поголеми шанси за бодови на домашната екипа на денешниот дуел.