Ајнтрахт предизвик за „совршениот“ Реал во Суперкупот

Реал со Анчелоти игра не премногу убав, но многу претпазлив фудбал, има совршен баланс на искуство, младост и талент, додека Ајнтрахт доживеа бродолом во бундеслигашката премиера со Баерн.

Да не му се случеше оној бродолом пред неговите навивачи на бундеслигашката премиера во судирот со Баерн (1-6), веројатно поинаку ќе гледавме на Ајнтрахт и неговите шанси во Суперкупот на Европа против Реал Мадрид. Вака – тешко е. Четата на Оливер Глазнер добро одигра во првиот официјален меч во новата сезона, славеше над Магдебург во ДФБ Купот со 4-0, а потоа во пресметката со „баварците“ покажа низа недостатоци кои се сериозни ако сака натпревар со тим од топ-класа. Освојувачот на Лига Европа се распадна за 45 минути против Баерн Минхен и прими пет гола.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт

Ако нешто може да биде предност на германскиот тим, тогаш тоа е фактот дека мечот во среда ќе биде прв официјален за кралскиот клуб по финалето во Лигата на шампионите. Но, далеку од тоа дека тимот не е спремен. За време на турнејата во Соединетите Американски Држави, „кралевите“ одиграа три меча – загубија од Барселона 0-1, ремизираа со Клуб Америка (2-2) и го добија Јувентус (2-0). Реал со Анчелоти игра внимателен, не многу убав, ама скоро совршен фудбал со биланс на искуство, младост и талент. Да не говориме за навиките за играње на големи натпревари...

Без разлика на ужасната партија против Баерн и шесте примени гола, не треба да се очекува нов распад од Ајнтрахт. Плус е што на само една од последните шест средби на Реал беше 3+. И таа една не беше официјална, туку пријателска средба.

Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт само еднаш играа во финалето на Купот на Шампионите во 1960 година. Славеа Шпанците со 7-3. Тоа и понатаму е најефикасното финале ако се сметаат сите натпреварувања на УЕФА.