ВИДЕО: Ајнтрахт победник во фестивалот со седум гола во Бремен

Попладневниот бундеслигашки дуел меѓу Вердер Бремен и Ајнтрахт Франкфурт понуди спектакл со седум гола кој заврши во корист на гостите (3-4), за прва радост во новата сезона.

Натпреварот беше вистински фудбалски фестивал затоа што понуди атрактивен и отворен фудбал и многу голови. Победата ја однесе актуелниот освојувач на Лигата на Европа кој беше поумешен во второто полувреме.

  • Вердер - Ајнтрахт Франкфурт 3-4:

Уште во втората минута Ајнтрахт дојде до предност со голот на Геце, но потоа со два гола во три минути Вердер направи предност, а стрелци беа Јунг и Битеркурт (2-1). Во средината на првото полувреме, нова експлозија на гостинот од Франкфурт и два гола на Коло Муани и Лиднсторм за пресврт (2-3), а откако во 48. минута Соу погоди за 2-4, домашните го намалија поразот преку Фулкруг од пенал во самиот финиш. Ајнтрахт Франкфурт во следната рунда го чека дерби-дуел дома со РБ Лајпциг, додека Вердер Бремен гостува кај Бохум.

  • Келн - Штутгарт 0-0: 

Попладнево без голлови заврши натпреварот на двата поранешни клуба на Дарко Чурлинов, Келн и Штутгарт (0-0). 

Состави

Ole Werner

3-5-2

    Оливер Гласнер

    4-2-3-1