ВИДЕО: Ајнтрахт не успеа да победи и одигра реми во Аугсбург

Екипите на Аугсбург и Ајнтрахт Франкфурт го поделија пленот во дуелот од 19. коло на Бундеслигата, откако на „ВВК Арена“ одиграа нерешени 1-1. По два погодоци во првиот дел, мрежите мируваа во продолжението иако имаше шанси на двете страни. Сепак, делбата на бодовите беше можеби најреален исход.

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатот беше отворен по првата шанса на натпреварот која ја имаа гостите. Даичи Камада се најде на вистинското место и по асистенција од Боре погоди за 0-1 во 22. минута. Нова голема можност испушти Ајнтрахт, откако Јеспер Линдстром ја стресе стативата по половина час игра.

Аугсбург во два наврати можеше да добие пенал, судијата чекаше сугестии од ВАР собата, ама не одлучи дека треба да покаже на белата точка. Сепак и покрај тиа домаќинот стигна до егал пред полувремето. Михаел Грегорич налета на топка во шеснаесетникот која ја упати Иаго, па со добар удар ја смести во мрежата за 1-1 во 38. минута. 

Во вториот дел Ајнтрахт беше поактивен, даде еден гол од офсајд позиција преку Ндика, а имаше и можност преку Линдстром. На крајот дуелот заврши со делба на бодовите. Аугсбург котира полошо и со 19 бода е на едно место над опасната зона, додека тимот од Франкфурт со 28 се наоѓа на осмата позиција. 

Состави

Markus Weinzierl

4-4-2

    Oliver Glasner

    3-4-1-2