ВИДЕО: Ајнтрахт му направи услуга на Баерн, Менхенгладбах конечно победи

Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен славеше над Баер Леверкузен (2-1) и така му направи услуга на актуелниот првак и лидер на табелата Баерн Минхен, кој со евентуален триумф, ќе ја зголеми бодовната разлика.

  • Ајнтрахт Франкфурт - Баер Леверкузен (2-1):

„Фармацевтите“ поведоа први на натпреварот, ама не додржаа и загубија со пресврт. Магичен гол во 10. минута постигна Амири, но Јунес во 22. и автоголот на Тапсоба во 54. минута донесоа три бода за домаќинот.

Борусија Менхенгладбах конечно ја прекина кризата и славеше кај Арминија Билефилд (0-1). Голот вреден три бода падна во 58. минута, а беше дело на еден од најдобрите играчи Емболо.

На останатите натпревари Унион Берлин забележа важна победа кај Вердер Бремен (0-2), Фрајбург го освои Хофенхајм (1-3), додека Аугсбург запиша три бода со минималец кај Келн (0-1).