Ајнтрахт ќе го пренесува финалето на својот стадион

Ренџерс

Ајнтрахт Франкфурт им соопшти одлични вести на своите навивачи во пресрет на големото финале во Лига Европа.

Бундеслигашот ќе добие 10.000 влезници за дуелот против Глазгов Ренџерс кој ќе се одигра на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља на 18 мај. Сите навивачи кои нема да бидат во можност во живо да бидат присутни на финалето ќе добијат шанса да го гледаат натпреварот на трибините на својот стадион во Франкфурт, каде ќе се извршува директен пренос.

Цената на влезниците за следење на финалниот натпревар на „Дојче Банк Парк“ ќе чинат десет евра. За Ајнтрахт ова е прво европско финале по далечната 1980 година.

Германскиот тим последен и единствен пат се радувал на европска титула пред 42 години. Тогаш го освои трофејот во Купот на УЕФА со победа над Борусија Менхенгладбах.