ВИДЕО: Ајнтрахт имаше водство, но остана без играч и загуби од Мајнц

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт испушти голема можност со победа да го затвори 13. коло на Бундеслигата и таа чест им ја препушти на фудбалерите на Мајнц 05. 

Во последниот натпревар од тековното коло поранешната екипа на нашиот Николче Новески преку пресврт со 2-1 славеше над тимот од Франкфурт и по двата порази во низа им се врати на успесите во германскиот шампионат.

  • Извештај од натпреварот: 

По мирниот почеток на натпреварот гостите во 34. минута го зададоа првиот удар и преку Хинтерегер кој погоди од најстрога казна го отворија резултатот, но десет минути подоцна останаа без Кох, кој заработи црвен картон и го загубија чекорот. 

Мајнц по само пет минути игра во вториот дел успеа да ја искористи бројчаната предност и Карим Онисиво израмни на 1-1, додека во 69. минута конечните 2-1 ги постави Салаи.

Со оваа победа Мајнц скокна за три места на табелата во Бундеслигата и сега е на 12. место, а во следното коло го чека меч на гости кај Аугсбург. Ајнтрахт Франкфурт излез од мини-кризата ќе брка против Херта

Состави

Sandro Schwarz

3-4-3