ВИДЕО: Ајнтрахт има свој Меси – врвен гол на „самурајот“ Доан вреден три бода

Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт го победија Мајнц со 1-0 во последниот натпревар од 10-то коло на германската Бундеслига.

Натпреварот во Франкфурт не беше полн со убави потези, а сè се сведе на еден момент на инспирација од домашниот крилен играч Рицу Доан.

Беше 81-ва минута кога Јапонецот, во стилот на Лионел Меси, со генијален дриблинг помина меѓу двајца бекови и со левата нога ја испрати топката зад немоќниот голман Центнер.

Со оваа победа, Ајнтрахт се искачи на седмото место на табелата со 17 бода, додека Мајнц е претпоследен со само пет бода.