ВИДЕО: Ајнтрахт и натаму без победа, Келн „откина“ бод во Франкфурт

Келн

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт повторно не го „скршија мразот“ во новата сезона и во третото коло од Бундеслигата ремизираа против Келн на домашен терен (1-1).

  • Ајнтрахт Франкфурт - Келн 1-1: 

Долго време се чекаше на головите, кои пристигнаа во самата завршница. Прв удар зададе домаќинот, кој поведе преку Каичи Камада и неговиот прекрасен слободен удар.

„Јарците“ покажаа карактер и до крајот стигнаа до посакуван бод. Кевин Трап не можеше да направи ништо при ударот на Јан Тилман во 82. минута, со кој беше поставен конечниот резултат. Синоќа Унион Берлин приреди изненадување со победата против РБ Лајпциг со 2-1.

  • Унион Берлин - РБ Лајпциг 2-1: 

Бохум и Баерн Минхен денес ќе стават крај на третото коло во германскиот шампионат.

Состави

Оливер Гласнер

3-5-2

    Steffen Baumgart

    4-1-3-2