ВИДЕО: Ајнтрахт го враќа ликот на „ланскиот убиец“, врза три победи во низа

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт продолжи со добрата форма во Бундеслигата, откако на домашен терен со доцен погодок успеа да слави над Унион Берлин (2-1).

Тимот врза две победи, а откако кај навивачите се создадоа позитивни вибрации и за оваа средба, следеше нов успех. Ајнтрахт Франкфурт полека го враќа ликот на ланскиот „убиец“ во Бундеслигата, кога до последното коло се бореше за влез во Лигата на шампионите.

Иако прв поведе на мечот, Ајнтрахт не успеа да освои целосен плен до самиот финиш. Резултатот се отвори во 22. минута кога во мрежата на гостинот од Берлин погоди Соу. Во вториот дел, поточно во 62. минута, Крузе од пенал изедначи на 1-1. Кога сите чекаа крај, Ндика погоди во 95. минута за конечни 2-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Ајнтрахт Франкфурт со трите врзани победи во Бундеслигата скокна на дванаесеттото место со 18 бода, додека Унион Берлин е шести со 20 бода.

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Urs Fischer

    3-5-2