ВИДЕО: Ајнтрахт го сопре залетаниот Волфсбург и однесе бод од „Фолксваген Арена“

Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт е првата екипа која му застана на патот на Волфсбург во новата бундеслигашка сезона. Дуелот во северна Германија заврши без победник 1-1, а „волците“ на Марк Ван Бомел мораа да спасуваат бод во самата завршница на натпреварот. Овој натпревар беше посебно емотивен за Оливер Гласнер, кој седеше на клупата на Ајнтрахт баш против клубот кој го внесе во Лигата на шампионите и си замине пред само неколку месеци. 

  • Извештај од натпреварот: 

По четири победи во низа, зелените“ кикснаа и тоа на домашен терен. На крај можат да бидат среќни што освоија бод, бидејќи заостануваа по првиот дел од натпреварот. Фаворитот се најде во заостанување кога Сам Ламерс го изненади домашниот голман. Неговиот удар беше доволно прецизен за да донесе отворање на резултатот во 38. минута.

Домаќинот долго време се обидуваше да го совлада Кевин Трап. Во тоа конечно успеа на дваесет минути до крајот. Вуг Вегхорст искористи една мешаница за да обезбеди реми. Следуваше мирна завршница без големи возбудувања. И двата тима беа задоволни од одиграното и освоениот бод.

По стартните четири победи, ова е второ реми за Волфзбург оваа недела, по она без голови во Лигата на шампионите на теренот на првакот на Франција, Лил. Сепак, и со ова реми Волфзбург го дели првото место со Баерн Минхен со тринаесет од можните петнаесет бода по пет одиграни кола.

Состави

Флоријан Кофелд

4-4-2