ВИДЕО: Ајнтрахт го слави Јовиќ, нова бламажа на Интер и Спалети

Ајнтрахт

Голем шок доживеа екипата на Интер која пред своите гледачи минимално загуби од Ајнтрахт Франкфурт (0-1). Откако првиот меч во Германија заврши без голови, италијанскиот прволигаш не успеа да го одбрани домашниот терен и го заврши настапот во осминафиналето од Лига Европа.

Извештајот на натпреварот Интер - Ајнтрахт: 

Германците го слават својот голгетер Лука Јовиќ, кој беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот. Српскиот интернационалец одлично се снајде по една грешка на Стефан де Вриј и со прекрасен лоб удар го надмудри Самир Хандановиќ уште во 5. минута.

Бундеслигашот беше поблиску до втор погодок, отколку што „неразурите“ до нерешениот резултат. Одбраната на тимот од Франкфурт функционираше без грешка, а тоа значеше лоша вечер за домашните фудбалери кои на крајот си заминаа дома незадоволни од остварениот резултат.

„Златниот“ гол на Лука Јовиќ: 

Ждрепката за четвртфиналните парови е закажана за утре со почеток од 13:00 часот.