• Мартин Танасковски
Екипата на Ајнтрахт Франкфурт му се приклучи на РБ Лајпциг и формирана е финалната двојка во Купот на Германија. Ајнтрахт со пресврт успеа да го елиминира Штутгарт, кого го доби во возбудлив натпревар со 2-3 (1-0).
Иако „швабите“ водеа на паузата пред својата публика, во вториот дел одличниот Ајнтрахт дојде до позитивен резултат. Единствениот гол во воведните 45 минути го даде Томас додека се играше 19. минута.
Во второто полувреме следеше експлозија на Ајнтрахт. Ндичка и Камада стрелаа во 51. и 55. минута за пресврт, а во 77. минута најдобриот играч Коло Муани зголеми на 1-3. Поразот за Штутгарт го намали Милот на десет минути пред крајот.
- Извештај од натпреварот:
Финалето од Купот на Германија ќе се игра на трети јуни.