Ајнтрахт Франкфурт и тренерот Топмелер ја продолжија соработката на уште три години

Актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Дино Топмелер, го продолжи договорот со бундеслигашкиот клуб за уште три години, објави клубот од „Дојче Банк парк“.

Според германските медиуми, сите детали од договорот беа договорени пред неколку месеци, а сега е само официјализирано дека 45-годишниот тренер ќе остане на клупата на Ајнтрахт. 

„Голема чест ми е што ми е дадена можност да работам во Ајнтрахт, а особено сум горд што јас и мојот тренерски штаб добивме понуда за продолжување на нашата соработка. Ќе продолжиме да работиме како што работевме досега и навистина верувам дека во времето што претстои ќе имаме многу причини да бидеме среќни, почнувајќи од следниот натпревар од Бундеслигата против Фрајбург в недела“, рече Топмелер.

Спортскиот директор на клубот, Маркус Креше, не го криеше своето задоволство од постигнатиот договор за продолжување на договорот, сметајќи дека во Топмелер клубот доби експерт на долг рок.