• Горан Упале

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт ги потврди шпекулациите кои кружеа во германските медиуми – голманот Кевин Трап потпиша нов договор со ланскиот освојувач на Лига Европа.
Ајнтрахт и Трап имаа договор до јули 2024 година, а сега тој е продолжен до 30 јуни 2026 година.
„Сите знаат колку ми значи овој клуб и дека во Франкфурт се чувствувам како дома. Среќен сум што сум дел од ова семејство. Преживеавме многу во минатото, а претстои уште многу. Амбициите на клубот се исти како и моите и ќе продолжам да давам сè што имам и можам за Ајнтрахт“, изјави Трап.
Искусниот Трап дојде во Ајнтрахт во 2012 година, а по три години замина во Пари Сен Жермен. Сепак, во 2018 година се врати во Франкфурт и стана незаменлив во првиот тим.