Ајнтрахт без својата „амајлија“ ќе се судри со Ренџерс за трофејот во ЛЕ

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт ќе се судри со Глазгов Ренџерс во финалето на Лига Европа на теренот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља. 

Сепак, германскиот колектив доби лоши вести, бидејќи со тимот нема да може да допатува „среќниот“ орел кој прелетува над стадионот на Ајнтрахт повеќе од шеснаесет години. Пред секој домашен натпревар од 2006 наваму, како и во трите финалиња кои ги играше клубот надвор од својот дом, орелот Атила од расата златни орли прелетуваше за среќа. 

Овојпат тоа нема да биде случај, бидејќи според правилата во Андалузија, орелот ќе мора да биде во двонеделен карантин пред да биде слободен да лета над стадионот. Поради тоа, Ајнтрахт без својата „амајлија“ ќе мора да брка европски трофеј против шкотскиот ривал. 

Финалето меѓу Ајнтрахт и Глазгов се игра вечерва од 21:00 часот.