ФОТО: „Ајдуци“ прославија 35 години со кореографија и шоу во Струмица

Навивачката група на Беласица, популарните „Ајдуци“, прославија јубилеј на натпреварот против Скопје во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), но од играчите не добија победа.

„Ајдуците“ кои се верна сенка на струмичката фудбалска гордост прославија 35 години постоење. Во чест на јубилејот од основањето, имаше и специјална кореографија на трибините на стадионот „Благој Истатов“.

Стариот симбол на струмичка Беласица, кенгурот, кој плаво-белите со години го носеа на нивниот дрес, беше главен мотив во кореографијата на навивачката група.

Беласица е во горниот дел од табелата во ВМФЛ, но, засега, е далеку од враќање во Првата македонска фудбалска лига.