Ајакс забранува транспаренти со кои се бараат дресови од фудбалерите

Ајакс

Холандскиот фудбалски гигант Ајакс се очекува да воведе забрана за внесување транспаренти на трибините, со кои фановите ќе бараат дресови од фудбалерите.

Работата излегла од контрола и често повеќе не постојат невини детски желби, пишува „Ajax Life“. Дополнителна причина за оваа одлука е и незадоволството од страна на фановите, кои за секој играч кој ќе помине без да го предаде дресот се смета за „арогантен“.

Клубот жали за разочарувањето на децата кога треба да се откажат од овие навики. Но, „копјаниците“ веруваат дека некаде мора да има граница.

Како и поголемиот дел од европските фудбалски лиги, Ередивизие исто така ќе стартува претстојниот викенд со натпреварите од првото коло.