Ајакс соопшти дали Де Јонг ќе биде подготвен за реваншот против Јувентус

Френки де Јонг

Последното коло во Ередивизие донесе убедлива победа на Ајакс во дуелот со Екселсиор.

Избраниците на Ерик Tен Хаг постигнаа шест гола и одиграа брилијантен натпревар, но на момент беа во шок поради повредата на еден од клучните фудбалери Френки де Јонг.

Младиот креативец одигра само 24 минути и потоа замина во соблекувална, па фановите стравуваа дека го загубија својот миленик за реваншот против Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Два дена по натпреварот, пристигнаа добри вести од Амстердам. Де Јонг ќе биде целосно подготвен за предизвикот во Торино и ќе ѝ помогне на екипата да се елиминира италијанскиот првак.

Првиот меч на „Јохан Кројф Арена“ заврши без победник, а предноста поради голот во гости ќе ја имаат „бјанконерите“.