ВИДЕО: Ајакс со стил до рекордна титула, Тен Хаг победнички заминува во Манчестер

Ерик Тен Хаг со уште една титула првак на Холандија ќе ја напушти татковината и ќе замине за Манчестер. Најславниот холандски клуб на сите времиња, Ајакс од Амстердам вечерва прослави нова титула, откако ја искористи втората меч топка и на едно коло до крајот на Ередивизие остварија недостижна предност пред конкурентот ПСВ Ајндховен. 

Ајакс на домашен терен со 5-0 (3-0) го декласира Херенвен и ги израдува многубројните свои фанови. Таљифико во 19. минута ги отвори резултатот за „копјаниците“, а брзо потоа Бергхујс во 33. минута зголеми за 2-0, за до крајот на првиот дел Холер од пенал да зголеми на 3-0. Бруби и Алварез во последните мигови ја направија победата супер-убедлива. Со оваа победа на едно коло до крај Ајакс има четири бода предност пред најголемиот ривал ПСВ Ајндховен.

  • Извештај од натпреварот: 

Ова е  рекордна 36-та титула за големиот Ајакс во холандскиот шампионат, а тренерот Ерик тен Хаг со трет трофеј од домашниот шампионат заминува во Манчестер јунајтед.

Состави

Ерик тен Хаг

4-3-3

    Ole Tobiasen

    3-5-2