Ајакс слави во големото дерби со ПСВ, титулата пред враќање во Амстердам!

По три години пауза шампионската титула на Холандија многу веројатно ќе се врати во Амстердам. Ајакс го совлада ПСВ Ајндховен со 0-2 (0-1) на „Филипс Стадиум“ во дербито од 27. коло на Ередивизие и сега има девет бода предност на седум кола до крајот. 

Кога последен пат „копјаниците“ славеа во Ајндховен, ја освоија и шампионската титула во сезоната 2021/22. Фудбалерите на ПСВ Ајднховен влегоа во натпреварот со многу поголем притисок, бидејќи само победа ќе ги вратеше во трката за титулата.

На другата страна, Ајакс игра константно оваа сезона, можеби не толку атрактивно колку ефикасност, што се покажа и на овој дуел во Ајндховен. Класен со волеј во 35. минута донесе молк на трибините и водство за Ајакс, додека во моментите кога ПСВ Ајндховен притискаше по израмнување Траоре постигна атрактивен гол од 18 метри и стави точка на победата на Ајакс. 

На седум кола до крајот на шампионатот во Холандија, Ајакс е лидер со 67 бода, девет повеќе од ПСВ Ајндховен, кој е на второто место, додека трет е Утрехт со 52 бода.