Ајакс се засили со најдобриот стрелец од Втората француска лига

Грузискиот напаѓач, Жорж Микаутадѕе, е нов член на холандскиот гигант, Ајакс. Клубот од Амстердам го доведе во своите редови фубалерот кој остави огромен впечаток во втората француска лига, играјќи за екипата на Мец

Микаутадѕе стави потпис на петгодишен договор со Ајакс, а холандските медиуми шпекулираат дека неговата плата ќе изнесува околу еден милион евра годишно. Соработката ќе трае до истекот на сезоната 2027/28. 

22-годишниот Микаутадѕе е роден во Лион, но настапува за грузиската репрезентација, за која досега има одиграно петнаесет натпревари. Минатата сезона тој беше најдобар стрелец во второто по квалитет првенство во Франција и за Мец постигна 23 голови, надополнети со осум асистенции. 

Ајакс виде голем потенцијал во Грузиецот и за неговиот трансфер ќе ми плати на францускиот клуб сума од 16 милиони евра, плус уште три милиони во вид на дополнителни бонуси. Ајакс е пред пласман во групната фаза од Лига Европа, откако во првиот натпревар против Лудогорец, славеше со убедливи 4-1. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.