Ајакс се враќа во елитата по три сезони, Николов со Видеотон ќе играат ЛЕ

Ајакс Хунтелар

Холандски Ајакс повторно ќе го гледаме во групната фаза од Лигата на шампоните по сезоната 2014/15. 

Во директниот дуел од плеј-офот, фудбалерите на Ерик тен Хаг го елиминираа украински Динамо Киев со вкупни 1-3, резултат од првиот меч во Амстердам. Денешната средба на „Олимписки“ стадионот заврши без голови.

Гостите беа доминантни во поголемиот дел од мечот и имаа колосална шанса во првиот дел, но истата на ја искористи Душан Тадиќ. Србинот беше непрецизен од белата точка и ја погоди левата статива, иако го испрати голманот на спротивната страна.

Единствениот македонски претставник во оваа фаза беше Бобан Николов кој со својот Видеотон не успеа да ја прескокне последната пречка. На патот на македонскиот репрезентативец застана АЕК, кој по победата на гости од 1-2, денес одигра нерешено пред своите гледачи.

Водство за Грците донесе Петрос Манталос од пенал на почетокот на второто полувреме, а шансите за пласман во групите од Лигата на шампионите за унгарскиот претставник донесе Лоик Него. Црвениот картон на Хелдер Лопез ги остави домаќините со играч помалку, но и тоа не им помогна на фудбалерите на Видеотон да направат целосен пресврт.