ВИДЕО: Ајакс се распука - „хет-трик“ за Зијеч и Блинд и ОСУМ ГОЛА во мрежата на Де Графшап

Фудбалерите на Ајакс продолжуваат со одличните игри, па по ремито со Баерн Минхен (3-3), во рамките на 16. коло на Ередивизие го демолираа тимот на Де Графшап со 8-0.

Победата на тимот од Амстердам со прекрасен гол ја најави Душан Тадиќ во 18. минута, а до крајот на првиот дел за домаќините погодија и Мазруи и Зијеч. Гостите некако одолеваа на нападите на Ајакс се до 62. минута, кога Хаким Зијеч зголеми на 4-0, а три минути подоцна Дејли Блинд погоди за 5-0. До крајот уште еднаш погоди Зијек и двапати Блинд, за конечни 8-0, со што ќе остане запишано дека двајца фудбалери мечот го завршија со „хет-трик“.

Со денешниот триумф, Ајакс се врати на само -2 бода од тимот на ПСВ, а во наредното коло ќе игра на гостински терен против тимот на Утрехт.