• Саше Љолес
Фудбалерите на Ајакс уште еднаш покажаа зошто овој спорт има посебно место во срцата на милиони луѓе. Во реваншот од плеј-офот за Конференциската лига, „копјаниците“ го совладаа Сион со 5-3, а четвртиот гол беше вистинско ремек-дело.
Целата акција изгледаше како да е излезена од учебник за модерен фудбал. Во неа учествуваа дури седум играчи, кои разменија само 11 додавања и направија нешто повеќе од 20 допири со топката пред да ја затресат мрежата.
Сè започна со одлична комбинација по левата страна, каде што фудбалерите на Ајакс со брзи и прецизни додавања целосно ја разбија одбраната на противникот. Акцијата на крајот ја заокружи Абделах Уазан, кој со одлична асистенција го проигра Толуоласе Толу Арокодаре.
Best goal of the night. pic.twitter.com/iWnpFpIeCI
— AFC Ajax (@AFCAjax) August 27, 2026
Напаѓачот немаше тежок избор - остана само да ја испрати топката во мрежата и да предизвика вистинска ерупција на „Јохан Кројф Арената“.
Ова беше уште еден потсетник на фудбалската филозофија по која Ајакс е препознатлив со децении. И сигурно би бил горд и легендарниот Јохан Кројф, таткото на „тоталниот фудбал“, чие име денес го носи стадионот на амстердамскиот клуб.









