• Зоран Мишевски

Продолжува мртвата трка меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен за титулата првак на Холандија. Во трка која наликува на минатосезонската, двете екипи имаат ист број на бодови по девет одиграни кола. Денес, во пладневниот термин, Ајакс славеше на теренот на Ден Хаг со 0-2 со головите на Хунтелар и Нерес.
ПСВ Ајндховен убедливо го совлада Венло со 4-1, а Мален постигна нови два гола за „филипсовците“.
Ден Хаг - Ајакс 0-2:
ПСВ Ајндховен - Венло 4-1:
Ајакс и ПСВ Ајндховен се на врвот со 23 бода од можните 27, а следат АЗ Алкмар и Витесе со по 20 бода.