ВИДЕО: Ајакс победи, но Хераклес даде гол кандидат за „Пушкаш“!

Екипата на Ајакс извојува важна победа во холандското првенство против Хераклес (3-4), но во центарот на вниманието на овој меч беше вториот гол на домаќините, кој беше вистинско ремек-дело. 

Се играше 28. минута, кога Марио Енгелс пресретна една топка на средината на теренот и веднаш биеше од половина терен, совладувајќи го на магичен начин гостинскиот голман Ремко Пасвер. 

Натпреварот беше исклучително ефикасен и беа постигнати вкупно седум гола, а на крајот се радуваше четирикратниот европски шампион, кој славеше со конечни 3-4. Човек на одлука беше поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вутер Вегхорст, кој ја запечати победата на Ајакс со два гола, по еден во двете полувремиња. 

Славниот холандски клуб стигна до петтиот триумф сезонава и сега има 16 бода, доволни за третата позиција на табелата. 

Состави

Erwin Van de Looi

4-2-3-1

    Франческо Фариоли

    4-3-3