Ајакс по 34 пенали ја доби драмата со ПАО, Лугано го елиминира Партизан

Фудбалерите на Партизан одново ги разочараа своите фанови и забележаа елиминација во квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа. Кобни за „црно-белите“ беa фудбалерите на Лугано, кои до посакуваната цел успеа да стигне по продолженијата, откако Махоу погоди за конечни 2-2. 

Во регуларниот дел беше 1-2 за Партизан, а бидејќи првиот натпревар во Белград заврши со победа од 0-1 на гостите од Швајцарија, реваншот влезе во дополнителни минути во кои повеќе сила имаа фудбалерите на Лугано, кои од 88. жминута играа со играч помалку. Така, Лугано продолжува во квалификациите во Лига Европа, додека Партизан се сели во Конференциската Лига и го чека двомеч со Генк

Понатамошен пласман слави и тимот на Брага, која, откако во првиот натпревар пред својата публика одигра 0-0, вечерва го совлада Сервет среде Швајцарија (1-2) и останува во битката за групна фаза. 

Вечерва највозбудливо беше во Амстердам, каде холандскиот гигант Ајакс по изведувањето на пеналите го елиминира Панатинаикос. На првата средба во Грција, „копјаниците“ славеа со минимални 0-1, резултат со кој и заврши натпреварот на „Јохан Кројф Арена“. Тоа донесе дополнителни триесет минути во кои мрежите мируваа, па патникот во следното коло се решавање со удари од единаесет метри. Неверојатната пенал серија во Амстердам заврши по 34 изведени најстроги казни, а поуспешни беа домашните фудбалери со 13-12.