Ајакс пак ќе го менува тренерот, Ван Шип заминува на крајот на сезоната

Продолжуваат тренерските промени во Ајакс. Холандскиот стратег Џон ван Шип на крајот од сезоната ја напушта клупата на „копјаниците“, но веројатно ќе остане во клубот. Ван' Шип го презеде тимот од Амстердам во октомври, откако Морис Стајн доби отказ поради лошите резултати.

Поранешниот напаѓач на холандската репрезентација го презеде Ајакс кога клубот се наоѓаше на претпоследното седумнаесетто mесто на табелата, а сега е петтопласиран.

Холандските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот наскоро ќе го откријат својот избор на нов тренер.