Ајакс не се шегува, одби 50 милиони за Давид Нерес од Кина!

Давид Нерес

Одличната сезона која што Ајакс ја остави зад себе предизвика реакција кај големите европски екипи.

Сите се заинтересираа за талентите кои донесоа двојна круна во Холандија и стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Замина Френки де Јонг, на излезни врати се Матијс де Лихт и Хаким Зијеч, а сега се зборува за потенцијален трансфер на Давид Нерес. Неколку кинески екипи се заинтересираа за Бразилецот кој моментално е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка.

Интерес постои и кај Евертон и ПСЖ, но Марк Овермарс, спортскиот директор на „копјаниците“, не сака да слушне за цена пониска од 80-90 милиони евра.

Младиот напаѓач има 22 години, кариерата ја започна во Сао Паоло, а откако помина во младинската екипа на Ајакс, се појави и доби важно место во првата екипа.