Ајакс не сака да ризикува и ќе му понуди нов петгодишен договор на Тен Хаг

Раководството на Ајакс се реши да му понуди нов, петгодишен договор на тренерот Ерик Тен Хаг, по овосезонскиот голем успех во Лигата на шампионите и пласманот во полуфиналето. 

Ајакс н Тен Хаг приредија две сензации во европската елита. Најпрво го елиминира Реал Мадрид, а потоа на доминантен начин го надиграа Јувентус и сега во борбата за финале ќе се сретнат со тимот на Тотенхем

Како што пренесуваат холандските медиуми челните лица на амстердамскиот гигант посакуваат што поскоро да го „бетонираат“ творецот на големиот успех и наводно му понудиле нов, петгодишен договор. Сегашниот му истекува во јуни 2020 година, што значи дека Тен Хаг би се задржал на „Јохан Кројф Арена“ најмалку до 2025 година. 

Пред доаѓањето во Ајакс, 49-годишниот стратег немаше големо тренерско искуство, бидејќи ги водеше само тимовите на Утрехт и Го Ахед Иглс, како и вториот тим на Баерн Минхен