• Сашо Поповски

Второпласираниот тим во Ередивизие, Ајакс, запиша уште една убедлива победа во домашниот шампионат. Нова жртва на тимот од Амстердам беше Ден Хааг, кој на домашен терен доживеа дебакл (1-5).
Подолго од очекуваното се чекаше за отворање на резултатот на „Карл Јеанс“ стадионот. Првиот погодок на мечот го постигна домашната екипа преку Насер Ел Кајати. Остатокот од мечот целосно му припадна на фаворитот, кој со пет гола во противничката мрежа го одржа чекорот со лидерот и сега има два бода заостанување зад ПСВ Ајндховен.
Дони ван де Бик, Душан Тадиќ од пенал, Хаким Зијеч со два погодоци и Каспер Долберг учествуваа во пресвртот на вицешампионот на Холандија.