• Саше Љолес
Управата на холандскиот гигант Ајакс започна мисија за враќање на својот некогашен капитен и актуелен член на Фенербахче, Душан Тадиќ.
Медиумите во оваа земја пишуваат дека Ајакс сака да го врати Србинот и да му понуди да ја заврши кариерата во клубот каде настапуваше цели пет години, но Тадиќ сега игра во одлична форма во Турција и не се знае дали би сакал да го напушти Истанбул.
За време на престојот во Ајакс, Тадиќ беше капитен и вистински лидер на екипата со која играа и полуфинале во Лигата на шампионите, но несреќно беа елиминирани од Тотенхем во последните секунди од реваншот во Амстердам.
Српскиот ас во дресот на Ајакс одигра 161 натпревар и постигна 77 голови, а сега со голем успех настапува за Фенер, каде има огромна доверба од Жозе Мурињо. 36-годишниот Тадиќ во дресот на турскиот гигант досега постигна 18 голови, а претходно во кариерата играше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон и Ајакс.
Договорот на Тадиќ со Фенербахче е со важност до крајот на сезоната, па затоа Ајакс сака да го привлече кај себе и да одигра уште барем една или две сезони во Холандија.